Рим беше погоден од силно невреме со бурни врнежи од дожд и торнадо што предизвика соборување на дрвјата и тезгите на пазарот, додека во неколку населби беа забележани поплави кои го парализираа сообраќајот.
Италијанската престолнина денес беше погодена од бура со обилни врнежи од дожд, а се појави и торнадо кое собори дрвја и тезги на пазарот во Рим.
Обилните дождови доведоа до прелевање на атмосферската канализација и поплави во населбите Номентано, Саларио и Париоли, каде што сообраќајот беше запрен бидејќи нивото на водата речиси ги покри автомобилите.
Многу други делови од Италија денес беа погодени од обилни дождови кои предизвикаа поплави, особено во Фриули, Тоскана и Лацио.







