Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишник од Дебар поради безобѕирно возење и напад врз полицајци за време на службено дејствување, поради предизвикана сообраќајна несреќа.
Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.Љ. од Дебар, поради сомневање дека извршил две тешки кривични дела: „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 29 мај годинава. Пријавениот се движел со голема брзина со своето патничко возило, при што изгубил контрола и предизвикал сообраќајна несреќа.
Откако на местото на настанот пристигнале полициски службеници за да извршат увид и да преземат службени дејствија, А.Љ. агресивно се однесувал и физички ги нападнал службениците.







