Жена на 74 години е тешко повредена откако мотоцикл управуван од малолетник ја удрил во Кочани. Повредените добиле медицинска помош, а случајот е пријавен и испитан од страна на полицијата.
Седумдесет и четиригодишна жена е тешко повредена во сообраќајка во Кочани откако во неа удрил мотоцикл.
Според информациите на МВР, вчера во 11:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мотоцикл „хамачи“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Грдовци, кочанско, удрил во 74-годишната П.Л. од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Л., а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.







