Пожар во средно училиште во Тетово, шест лица пренесени во болница

Макфакс

03/06/2026

13:40

196

Големина на фонт

а а а

Во средно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово избувнал пожар во машкиот тоалет, по што шест вработени се пренесени во болница поради вдишување чад. Пожарот бил брзо изгаснат од страна на вработените, а на местото извршен е увид од страна на полицијата во соработка со Јавен обвинител.

Шест лица се пренесени во болница по пожар во средно училиште во Гостивар.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет.

Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.