Редовно објавување на информации за извршените инспекциски надзори за животната средина, најави МЖСПП

Макфакс

03/06/2026

12:50

183

Големина на фонт

а а а

Министерството за животна средина и просторно планирање најавува редовно и транспарентно објавување информации за извршените инспекциски надзори со цел подобро информирање на јавноста и усогласување со европските стандарди.

Министерството за жизната средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина, информираат од таму.

Како што појаснуваат, редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите.

„Оттука, неделните извештаи на Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат да се објавуваат, иако за тоа не постои експлицитна законска обврска.

Нашиот пристап е јасен – кога станува збор за информации од јавен интерес, особено во областа на загадувањето и заштитата на животната средина, стандардот треба да биде поголема, а не помала достапност на информации за граѓаните.

Во истата насока е и активноста за воспоставување Регистар на загадувачи. Во тек е подготовка на потребните технички решенија, а ќе бидат иницирани и соодветни законски измени за да се обезбеди негово целосно функционирање и јавна достапност“.

Целта, како што посочуваат е граѓаните да имаат повеќе информации, полесен пристап до податоци и поголема можност да ги следат состојбите и постапувањето на институциите. Тоа е обврска што произлегува и од нашите реформски заложби и од европските стандарди за транспарентност.