Пороен дожд, грмежи и локално невреме

Макфакс

03/06/2026

11:50

286

Големина на фонт

а а а

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени поројни дождови, грмежи и локални невремиња, особено во Скопје. Се очекуваат поинтензивни процеси со силен ветер и појава на град во следните денови.

Под влијание на циклонска активност, денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

Во Скопје, денес попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Во сабота и во понеделник повторно се очекува нестабилно време.