Дрон погоди патнички автобус во Донецк, седум загинати

Макфакс

03/06/2026

08:53

255

Големина на фонт

а а а

Седум лица загинаа и 11 се ранети во напад со дрон врз патнички автобус во источниот регион Донецк, контролирана од Русија. Рускиот истражен комитет започна кривична истрага и Москва одговори на нападот со сериски воздушни напади кон Киев.

Во напад со дрон во источниот украински регион Донецк, во делот контролиран од Русија, загинаа седум лица, а 11 се ранети, објави прорускиот регионален лидер, Денис Пушилин.

Во објава на „Телеграм“ тој, рече дека дронот удрил патнички автобус што сообраќал помеѓу Москва и Симферопол на Крим, кој, исто така, е под руска окупација.

Рускиот Државен истражен комитет отвори кривична истрага под категоријата „терористички напад“, објави новинската агенција ТАСС, цитирајќи ја портпаролката на комитетот Светлана Петренко.

Русија вчера започна масовен напад со дронови и ракети врз Киев, за кој Москва тврди дека бил одговор на смртоносниот напад врз студентски дом во Луганск, кој е контролиран од Русија. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека вечерта руските сили би можеле повторно да започнат голем напад врз Украина, потсетува „Ројтерс“.

Руските лидери објавија и дека вчера вечерта над Ленинградската област биле соборени 50 беспилотни летала, од кои најмалку 20 летале кон Москва.

фото/Depositphotos/илустрација