Скопјанец измамен за над 300.000 денари: Измамникот требало да му посредува при земање на кредит од банка

Макфакс

02/06/2026

13:20

284

Големина на фонт

а а а

44-годишен Скопјанец бил измамен за над 300.000 денари од лице кое требало да му посредува при земање на кредит од банка. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари.

Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требало да му посредува при земање на кредит од банкa, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.