Актерката Марша Крос (64), која ја паметиме од „Очајни домаќинки“, каде што ја толкувала Бри ван де Камп, но и од легендарната серија „Мелроуз Плејс“, во која ја толкувала главната негативка, психотичната докторка Кимберли, во последните години е речиси непрепознатлива и често е на удар на критики поради премногу естетски корекции на лицето.
Ретко се огласува на социјалните мрежи, па затоа привлекла големо внимание со селфито што го објавила на Инстаграм.
Серијата „Мелроуз Плејс“ ѝ донела голема популарност, иако тогаш била една од најголемите негативки во серијата. Подоцна и самата признала дека нејзината улога била „луда“ и дека се справувала со нереални заплети.

Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, била во врска со актерот Ричард Џордан сè до неговата смрт во 1993 година, а во 2006 година се омажила за Том Махони.
Се соочила и со здравствени проблеми и рекла дека се нашла во ситуација во која никој не сака да се најде, ниту пак да зборува за тоа.

Последните години ретко ја гледаме во актерски проекти, па изгледа како целосно да се повлекла. Сепак, изјавила дека на нејзини години е тешко да се најдат квалитетни улоги и дека токму тоа е причината за нејзиното отсуство.
„Се наоѓам на интересна пресвртница. Се чувствувам како личност која е во полн животен замав, а Холивуд не е особено заинтересиран. Се занимаваме со ЛГБТК+ теми, зборуваме за луѓе од различни раси, но, мразам што морам да го кажам ова не сакаме да гледаме постари жени. Јас сакам да гледам жени од 60 години“, изјавила Крос.

„Единственото што секогаш мора да го правите е да издржите. Да ги преживеете тешките периоди. Никој не сакал да има работа со Ван Гог додека бил жив. Не е мала работа да се биде уметник. Тоа боли. И не можете едноставно да се исклучите“, додала актерката.
Погледнете како изгледа денес:










