Сѐ погласни гласините за врската меѓу Кендал Џенер и најпосакуваниот актер: Исплива фотографија од нивно заедничко патување

Точка

02/06/2026

19:11

425

Големина на фонт

а а а

Кендал Џенер и Џејкоб Елорди очигледно повеќе не ја кријат својата наводна романса од јавноста. Триесетгодишната манекенка и 28-годишниот актер оваа недела беа забележани на интимна вечера во Токио, каде што без двоумење позирале со обожаватели.

Тие делувале опуштено додека со пријатели уживале во популарното јадење Удон Карбонара во еден познат ресторан.

Неодамна биле фотографирани и како разменуваат нежности по вечерно излегување. Ѕвездата на серијата „Euphoria“ во еден момент нежно ја држел Кендал за тилот. Номинираниот актер, кој неодамна престојувал со Џенер и на Хаваите, бил виден и како ја прегрнува ријалити ѕвездата додека разговарале со пријатели, целосно фокусиран на неа.


Минатиот месец за првпат биле снимени заедно во јавноста, додека пиеле розе вино на плажа на Хаваите. Набргу потоа биле забележани и на двоен состанок со помладата сестра на Кендал, 28-годишната Кајли Џенер, и нејзиното момче, 30-годишниот актер Тимоти Шаламе, со кого е во врска веќе три години.


Дали Кајли ја наговорила Кендал да му даде шанса на Елорди?

Гласините за романса првпат се појавија минатиот месец, откако двојката наводно била видена како се бакнува и прегнрнува на забава што Џастин Бибер ја организирал по концертот на Коачела.

Еве како изгледале за време на концертот:


Извор близок до семејството за „Daily Mail“ открил дека токму Кајли Џенер е заслужна за нивното зближување.

„Кајли помина многу време со Џејкоб за време на сезоната на доделување награди бидејќи тој беше номиниран за филмот „Frankenstein“, а Тимоти за „Marty Supreme““, изјавил изворот.

„Кајли е главната меѓу сестрите и ја убеди Кени да му даде шанса на Џејкоб, бидејќи сакаше да можат да одат на двојни состаноци со неа и Тимоти“.