Резервите на нафта во САД на рекордно ниско ниво, аналитичарите предупредуваат дека кризата нема да исчезне преку ноќ

Макфакс

01/06/2026

19:50

190

Големина на фонт

а а а

Стратешките резерви на нафта во Соединетите Американски Држави паднаа на рекордно ниско ниво, а аналитичарите предупредуваат дека кризата предизвикана од конфликтот со Иран нема брзо да се реши дури и при склучување на мировен договор.

Обемот на стратешките резерви на нафта на Соединетите Американски Држави падна на најниско ниво во последните две години, откако официјален Вашингтон беше принуден да отвори складишта за да го ублажи глобалниот дефицит предизвикан од конфликтот со Иран.

Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави (EIA) објави дека залихите на нафта и нафтени деривати во стратешките резервоари моментално изнесуваат 1,584 милијарди барели, и дека резервите сè уште се намалуваат.

Експертите предупредуваат дека обемот на залихите наскоро би можел да ја пробие критичната граница од 1,5 милијарди барели, што е нивото под кое САД последен пат беа во март 2023 година.

Според пресметките на телевизиската мрежа „Си-ен-ен“, од почетокот на отворениот конфликт со Иран, количината на нафта во американските стратешки резерви е намалена за околу 12 проценти.

Агенцијата „S&P global energy“ проценува дека поради блокадата на Ормускиот теснец, светскиот пазар е лишен од дури 1,2 милијарди барели нафта.

Само минатата недела, САД префрлија 9,1 милиони барели од резервите на пазарот со цел барем делумно да го покријат недостигот на пазарот, според написите.

Аналитичарите предупредуваат дека кризата нема да исчезне преку ноќ, дури и ако Вашингтон и Техеран веднаш потпишат мировен договор.

„Доколку договорот се постигне утре, ќе бидат потребни најмалку шест недели за да се расчисти застојот и застојот со танкери во Ормускиот теснец“, предупредува главниот аналитичар во RBC Capital Markets, Хелима Крофт, пренесува Танјуг.