[ВИДЕО] Филипче: Албанија и Црна Гора одат напред, а Македонија стои во место

Макфакс

01/06/2026

14:50

156

Големина на фонт

а а а

Д-р Венко Филипче изјави дека иако Црна Гора и Албанија напредуваат кон членство во Европската Унија, Македонија заостанува поради политичката изолација и неспроведување на реформи. Тој ги критикуваше националните лидери и укажа на важноста на стратешките цели за проширување на ЕУ.

Регионот оди напред, Црна Гора и Албанија веќе ги затвораат поглавјата за преговори, а Македонија стои во место

предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче порача дека додека земјите од регионот забрзано напредуваат кон членство во Европската Унија, Македонија стагнира поради неспроведувањето на реформите и блокирањето на европскиот пат од страна на Владата на ВМРО.

„Регионот оди напред. Црна Гора и Албанија веќе ги затвораат поглавјата за преговори. Со Црна Гора е скоро завршена работата. Се пишуваат договори за членство. Со Албанија, многу скоро ќе биде тоа“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека додека соседните земји се приближуваат до членството во ЕУ, премиерот Мицкоски свесно ја турка Македонија во изолација и ги загрозува националните интереси.

„ Што ќе правиме ние? Што ќе кажува Христијан – „не, не, јас сум патриотот што се бори за Македонија“. За што се бори Христијан за Македонија? Па тој е човекот што ги загрозува националните интереси. Тој нè остава сами настрана да бидеме слепо црево на Балканот и во Европа. Како е тој голем патриот? Тие имале големи патриоти, Христијан и Тимчо, замислете. Што прават луѓето – „не правиме чекор напред“, ова го нема во историјата на државата“, рече Филипче.

Тој нагласи дека во актуелните геополитички околности, проширувањето е една од клучните стратешки цели на Европската Унија и дека државата мора да го искористи овој историски момент.

„Една од четирите стратешки цели сега на Европската Унија, во оваа геостратегиска ситуација која се менува, геополитичките моменти со Украина, со Молдавија, со Западен Балкан и така натаму, сега треба да се приклучиме“, рече Филипче.

Говорејќи за статусот на реализацијата на реформската агенда, Филипче нагласи дека неспроведувањето на клучните реформи е уште еден доказ дека Владата нема вистинска намера да ја внесе државата во Европската Унија.

„Се потврдува тоа што го говориме изминатите месеци, дека оваа Влада едноставно не сака во Европа. И затоа велиме престанете да лажете. Се знае кој е патот напред, патот напред се уставните измени. Ако го испуштиме овој воз, ако ја испуштиме оваа можност, можеби следна, за граѓаните, за следните генерации, едноставно нема да има“, рече Филипче.