Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС

Макфакс

01/06/2026

14:00

157

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ги критикува Деаноски и Трендафилов за трошок на синдикалните средства на привилегирани членови блиски до СДС, посочувајќи дека тие не се борат за работничките права, туку за личен луксуз.

„Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат за работниците и да се борат за членството, а не да им ги трошат парите на синдикалците за луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од толкава Македонија и преубавите места за рекреација, на неизживеаниот Трпе Деаноски му текнало да потрошат 60.000 евра или околу половина од годишниот буџет кој го собираат синдикалците од свој џеб и да оди со одбрани луѓе во Црна Гора.

Очекуваме одговори на нашите информации добиени од свиркачи во УПОЗ, дали е точно дека оваа година спортските игри се одржале во Црна Гора, за да се излезе во пресрет на синдикалци – членови на СДС, кои протестираа со Деаноски и Трендафилов? И дали е точно дека поради истите овие, биле деградирани долгогодишни членови на синдикатот?

Наместо борба за работнички права, Трендафилов и Деаноски се борат за луксуз. Затоа бројката на членови на ССМ се намалува и полека но сигурно ССМ го губи легитимитетот и кредибилитетот.

Како што му се случува на СДС, така и на ССМ“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.