СВР Штип поднесе кривична пријава против жител на Штип за злоупотреба на лични податоци на својот татко со цел добивање кредит преку финансиско друштво.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Г.(45) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот, без знаење и согласност на неговиот татко, ги искористил личните податоци од неговата лична карта и на 08.08.2025 аплицирал за онлајн кредит во финансиско друштво во износ од 15.000 денари.







