Во близина на село Конче, маж управувајќи трактор изгубил контрола и паднал во провалија, при што се здобил со тешки телесни повреди и без да поседува возачка дозвола.
Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од село Дедино кон село Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од село Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.
Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.







