Во центарот на Скопје беше пријавено насилно ограбување на 28-годишен маж кој бил ограбен со сила и закана со остар предмет, при што му биле одземени пари и мобилен телефон.
Вчера во 11:07 часот во СВР Скопје, 28-годишниот С.Б. од Скопје пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со физичка сила и закана со остар предмет му одзело пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







