Започнува летното работно време на ЈП Градски паркинг- Скопје

Макфакс

01/06/2026

13:20

239

Големина на фонт

а а а

ЈП Градски паркинг- Скопје известува за почетокот на летното работно време за зонското паркирање, кое ќе важи од 01.06.2026 година, со нови времиња за наплата.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје известува дека од денес, 01.06.2026 (понеделник) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

„Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“, велат од ЈП Градски паркинг- Скопје.