Арсенал одигра тактички извонреден натпревар против ПСЖ и успеа да го неутрализира моќниот тим на Луис Енрике, но дури и во такви услови не успеа да направи доволно за да го совлада по 120 минути, или во пенал рулетот.
Актуелниот европски шампион се врати од почетната негатива и со голот на Дембеле го одведе мечот во дополнителни 30 минути игра, а откако немаше промена на резултатот во овој дел, на крајот решаваа нервите и подобрата концентрација.
Езе и Габриел се покажаа како трагичари и со своите утки му овозможија на ПСЖ да стигне до втора последователна титула во низа, па иако оваа беше далеку потешко остварена од онаа со Интер минатата година, Жоао Невеш реши да го критикува стилот на игра на Арсенал, исто како што тоа го направи и Фабијан Руиз.
– Емоциите се се на највисоко ниво после ваков меч. Вторпат во низа сме европски шампиони. Не сум задоволен од самата победа, туку од начинот на кој играме со овие соиграчи и со овој стручен штаб.
– Доаѓањето во овој клуб беше најдобра одлука во мојот живот, едноставно се ми се допаѓа во Париз. Заслуживме да победиме, имаше само еден тим кој дојде да игра фудбал, а тоа беше ПСЖ.
– Оваа титула е уште послатка од првата. Овојпат беше потешко и уште попредизвикувачки. Бевме актуелни европски прваци и успеавме да ја одбраниме титулата. После ова, стануваме дел од историјата на ПСЖ, но и европскиот фудбал. Сега сакаме само да уживаме, – изјави Невеш.






