[ФОТО] Пејачката Александра Јанева објави први фотографии од новородената ќерка: „Цел наш свет собран во овие дланки“

Точка

30/05/2026

18:05

693

Големина на фонт

а а а

Пејачката Александра Јанева стана мајка на 28 мај, само три дена по прославата на својот 31-ви роденден. Радосната вест ја сподели преку социјалните мрежи, откривајќи дека таа и нејзиниот сопруг Иван добија ќерка која го доби името Тина.

Неколку дена по породувањето, Александра објави и први фотографии со новороденчето. На фотографиите таа и сопругот позираат со својата ќеркичка, а особено внимание привлече емотивната фотографија на која малата Тина го држи прстот на еден од нив.


„Ти си доказ дека љубов постои. Цел наш свет собран во овие дланки“, напиша пејачката во описот на објавата што предизвика бројни честитки и убави желби од нејзините следбеници и колеги.


Веста за раѓањето на бебето првично беше откриена преку честитките што Александра ги сподели на Инстаграм, од кои можеше да се дознае дека семејството добило девојче.


За потсетување, Александра и Иван стапија во брак во август 2024 година, а во февруари годинава пејачката ја соопшти убавата вест дека наскоро ќе станат родители.