Олимпијакос е новиот шампион во кошаркарската Евролига, натпреварување кое грчкиот тим го освои откако на завршниот турнир во Атина прво го реши Фенербахче, а потоа славеше и во финалната битка со Реал Мадрид.
Соочувањето со „кралевите“ беше неизвесно до самиот крај, се беше отворено до завршните секунди, а токму од тој меч Евролигата ги избра најдобрите пет моменти.
Листата ја предводи МекКисик со моќното забивање со кое ги запали навивачите на Олимпијакос.





