Ирвин Јалом е еден од најпознатите светски психијатри и психотерапевти на денешницата, особено признаен по развојот на егзистенцијалната психотерапија. Роден е во 1931 година во Вашингтон, а најголемиот дел од својата кариера го помина како професор по психијатрија на престижниот универзитет Стенфорд.
Јалом верува дека повеќето човечки проблеми и анксиозности потекнуваат од соочувањето со основните животни прашања: стравот од смртта, осаменоста, слободата на изборот и потрагата по смислата на животот. Токму овие четири „егзистенцијални столбови“ станаа основа на неговиот терапевтски пристап.
Тој е автор на планетарните бестселери кои со години се меѓу најчитаните и кај нас, како „Кога Ниче плачеше“, „Лечењето со Шопенхауер“, „Келатот на љубовта“, „Проблемот со Спиноза“ и многу други.

Во продолжение, прочитајте 8 од неговите најмоќни цитати кои можат да ви помогнат да го пронајдете сопствениот мир на животниот пат:
1. За горчината и лутината
„Можеш да се „отруеш“ голтајќи ја сопствената злоба и неодлучност. Ако долго ги потиснуваш гневот и огорченоста во себе, тие на крајот ќе го уништат твојот сопствен организам“.
2. За осаменоста во двајца
„Осаменоста не зависи од тоа дали имате луѓе околу вас, туку од тоа дали можете да ги споделите со нив нештата што ви изгледаат важни. Една од најлошите работи во животот е да бидеш осамен во брак или во врска“.
3. За промената на минатото
„Пред да можете да ја промените вашата иднина, мора да се откажете од секаква надеж дека можете да го промените вашето минато. Она што поминало, поминало – вашата моќ лежи во она што го правите сега.“
4. За стравот од смртта и неиживеаниот живот

„Колку помалку го живеете својот автентичен живот, толку поголем ќе биде вашиот страв од смртта. Луѓето кои не ги оствариле своите потенцијали и соништа се плашат од крајот многу повеќе од оние кои храбро го живееле секој ден“.
5. За бракот и зрелата љубов
„Добриот брак не е оној во кој двајца луѓе се спојуваат во едно битие, туку оној во кој две независни личности се здружуваат за да си помогнат меѓусебно да пораснат и да се развијат “.
6. За слободата и одговорноста
„Ние самите сме целосно одговорни за нашите животи, не само за нашите постапки, туку и за нашето неуспевање да дејствуваме. Да се биде слободен значи да се прифати фактот дека никој друг не е виновен за твојата несреќа освен ти самиот “.
7. За градењето односи со луѓето

„Ако сакаме да се поврземе со друго човечко битие, прво мора да научиме да бидеме поврзани со самите себе. Ако не можеме да ја поднесеме сопствената осаменост, тогаш ја користиме другата личност само како штит од изолацијата“.
8. За очајот и болката
„Очајот е цената што ја плаќаме за самосвеста. Погледнете длабоко во вашиот живот и ќе сфатите дека болката не е тука за да ве скрши, туку за да ве разбуди и да ве натера да пораснете“.









