15-годишник тешко повреден во сообраќајка меѓу возило и електричен тротинет

Макфакс

25/05/2026

15:00

225

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и електричен тротинет во с.Зајас, тешко повреден е 15-годишникот, кој е префрлен во Медицински центар Кичево. На лице место извршен бил увид од полицијата.

Синоќа во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки,  управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево.

За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.