Во Радовиш синоќа избувна пожар во текстилна фабрика која беше брзо изгасната од противпожарните единици од Радовиш и Струмица, без пријавени повредени лица.
Синоќа во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали.
По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари.
Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш.







