Со автомобил удриле во мотор-доставувач па го истепале возачот

Макфакс

25/05/2026

14:30

267

Големина на фонт

а а а

Во Скопје е уапсена четворка од Турција по инцидент во кој автомобил удрил во мотор-доставувач и потоа го нападнал возачот, полицијата презема мерки по пријавата.

Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција.

Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.