dm drogerie markt доби награда за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на настанот на „Убавина и здравје“

Точка

22/05/2026

16:26

97

Големина на фонт

а а а

Компанијата dm drogerie markt ја доби наградата за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на свечениот настан организиран од магазинот „Убавина и здравје“, по повод одбележувањето на 18 години од неговото постоење.

На настанот, на кој присуствуваа повеќе од 400 гости, беа доделени награди за компании, поединци и иницијативи што со своето делување придонесуваат кон создавање подобро и поодговорно општество. Во оваа категорија, dm беше препознаен за „Иднина која инспирира“, создадена со цел да ги поврзе луѓето, нивните идеи и конкретните потреби на заедницата.


Платформата претставува простор преку кој поединци можат да споделуваат лични приказни за својот општествен ангажман и на тој начин да инспирираат и други да се вклучат. Истовремено, здруженија, организации и институции имаат можност да пријавуваат проекти што обединуваат волонтери или отвораат простор за граѓанско учество.

- Во свет каде секоја минута значи, ние во dm веруваме дека највредниот ресурс што можеме да го дадеме е нашето време и енергија онаму каде што навистина е потребно затоа што само на тој начин можеме да создадеме подобра иднина. Токму од таа идеја произлезе и нашата општествено одговорна платформа „Иднина која инспирира“. Оваа награда е уште еден показател дека заедно можеме повеќе. Им благодарам на „Убавина и здравје“ што ја препознаа и ја поддржаа оваа идеја, како и на сите вас што заедно со нас ја градите иднината која инспирира. Затоа што вистинската промена започнува со храброста да се направи чекор напред и да се претворат идеите во дела - објаснува Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm drogerie markt во Македонија.


Пријавувањето на лични приказни и проекти ќе трае до 31 јули 2026 година, а проектите што ќе добијат поддршка за нивна реализација од dm ќе бидат објавени од септември 2026 година. Поединци можат да споделуваат своите приказни за општествен ангажман на следниот линк и со тоа да инспирираат и други на вклучување, додека здруженија, организации и институции имаат можност да пријавуваат проекти на овој линк, што обединуваат волонтери или отвораат простор за граѓанско учество.


Како дел од настанот, dm беше присутен и со #скрозјас катче, каде што присутните имаа можност да се фотографираат и да добијат подароци, во духот на автентичноста, самодовербата и индивидуалноста што оваа иницијатива ги промовира.

Со признанието од „Убавина и здравје“, dm уште еднаш испрати јасна порака дека иднината не е нешто што се чека, туку нешто што се создава – низ мали, одговорни и искрени чекори, кои кога се прават заедно, добиваат вистинска сила.