Одбележани 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија: Пожарникарите се херои на секојдневието

Макфакс

20/05/2026

14:10

186

Големина на фонт

а а а

Град Скопје го одбележа 190-годишнината од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија, нагласувајќи ја важноста на пожарникарите како херои и плановите за модернизација и подобрување на нивните услови за работа.

Град Скопје денеска го одбележа Денот на пожарникарството и 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија.

Пожарникарите се херои на секојдневието – луѓе кои секогаш се први таму каде што опасноста е најголема и кои секојдневно ги ризикуваат сопствените животи за да спасат човечки животи, домови и имоти. Пожарникарството не е само професија, туку повик што бара исклучителна дисциплина, човечност и посветеност. Хероизмот заслужува почит, но и поддршка. Храброста заслужува благодарност, но и современа опрема, подобри услови и силен систем што ќе стои зад пожарникарите“, соопштија од Град Скопје.

Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека модернизацијата на Противпожарната бригада на Град Скопје останува силен приоритет, при што веќе е завршен спортскиот комплекс во рамки на бригадата, со цел подобрување на физичката подготвеност и условите за работа на пожарникарите.

Во наредниот период, најавени се активности за дополнително унапредување на опремата, условите за работа и оперативната подготвеност на противпожарните служби.