Ферментираната храна е дел од традиционалната исхрана со векови, а денес многумина ѝ се враќаат поради природниот начин на подготовка, но и фактот дека за време на природниот процес на ферментација се формираат корисни бактерии важни за цревниот микробиом.
Ротквичките се одлични за почетници во ферментацијата бидејќи остануваат крцкави, лесни се за подготовка и не бараат многу состојки. Со вода, сол и зачини, за неколку дена ќе добиете домашен пробиотик без оцет, шеќер и конзерванси.
Потребни ви се:
2 китки свежа ротквичка
500 мл вода (филтрирана, флаширана или изворска)
17 г сол (хималајска или келтска, важно е да е без адитиви)
една лажица црн пипер (зрна)
2-4 чешниња лук
малку свеж копар

Подготовка:
Измијте ги ротквичките и исечете ги на тенки парчиња. Во чиста тегла ставете пипер, лук и копар. Додадете ги ротквичите и прелијте со солена вода. Ставете „тег“, да речеме во форма на мала тегла и само лесно притиснете го капакот, без да го навртувате. Водата не треба биде директно од чешма, бидејќи хлорот може да ја забави или целосно да ја спречи ферментацијата.
Проверувајте ја теглата секојдневно. Веќе по 24-48 часа ќе видите меурчиња и ова е знак дека добрите бактерии се активирани. Кога ротквичките ќе бидат доволно кисели за ваш вкус (обично по 4-7 дена), извадете ја помошната тегла-тег, цврсто затворете го капакот и префрлете ги во фрижидер. Додека ротквичките ферментираат, чувајте ја теглата на собна температура на темно место.






