Откако се појави на премиерата на новата серија со сопругата, имаше коментари кои не беа баш пријатни.
Николас Кејџ и Рико Шибата се појавиле на премиерата на серијата „Спајдер-Нор“ во координирани црни комбинации, кои беа целосно во согласност со темната атмосфера на ова дело.
Двојката се прошета по црвениот тепих држејќи се за раце и позираше заедно за фотографите. Откако се појавија на социјалните мрежи, многумина беа на мислење дека се „тешки за гледање“.

„Како да е нејзин татко, а како не би бил кога таа е 30 години помлада од него. Оваа девојка дефинитивно не изгледа како добар пар со Кејџ, Ова е навистина непријатно за гледање, тие се повеќе како татко и ќерка, а не како сопруг и жена“, биле дел од коментарите.
Во секој случај, двајцата блескале и не ги симнувале насмевките од лицата во текот на целата вечер. Нивните стилови биле целосно синхронизирани, а страста меѓу нив се чини дека не е намалена.
За оваа премиера, Кејџ избрал црно одело, бела кошула и темно сина вратоврска, Рико носела црн чипкаст фустан со бели ракави. Изгледот го надополни со зелени нокти.
Ова е нивно прво заедничко појавување во јавноста по повеќе од една година.

Љубовната приказна на Николас Кејџ и Рико Шибата
Николас Кејџ (62) и Рико Шибата (31) се вљубиле многу брзо. Се запознале на почетокот на 2020 година, а набргу потоа се вериле.
Како гостин во радио-емисијата на својот брат Марк Копола, Кејџ открил дека се вериле преку Фејсбук.
„Бевме многу среќни заедно и едвај чекавме да поминеме време заедно, па на крајот ѝ реков: „Сакам да се оженам со тебе“, и се свршивме преку ФејсТајм“, изјавил актерот.
Двојката се венчала следната година во хотелот „Вин“ во Лас Вегас.

Рико Шибата е петтата сопруга на Николас Кејџ.
„Знам дека пет брака се многу, но мислам дека овојпат го погодив како што треба“, изјавил Кејџ во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“ во 2022 година.









