Светот повторно зборува за младиот мајмун Панч: Доживеа вистинска драма, а снимката е бизарна!

Точка

18/05/2026

18:19

530

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи, кои тврдат дека се државјани на САД, биле уапсени во зоолошка градина во близина на Токио, откако упаднале во просторот каде што живее јапонскиот макаки мајмун по име Панч.

Да потсетиме, станува збор за младенче кое мајката го отфрлила, по што стана вирално на интернет поради навиката постојано да носи кадифен орангутан.

Го снимал со телефон

Мажите биле уапсени откако едниот од нив – облечен во необичен костим – се качил преку оградата и влегол во живеалиштето на мајмуните во зоолошката градина Ичикава, додека другиот го снимал со мобилен телефон.

Во полициското соопштение се наведува дека едниот маж рекол дека е студент (24), додека другиот (27) тврдел дека е пејач.

„Замена“ за мајката

Панч е роден во јули, а подоцна чуварите во зоолошката градина му дале кадифен орангутан како „замена“ за мајката.

Тој почнал да живее со другите мајмуни во оградениот простор во јануари, а зоолошката градина редовно објавувала новости за неговиот напредок на социјалните мрежи, што го следеле голем број посетители.