Предлог за брза и вкусна вечера: Подгответе печурки полнети со фета сирење

Точка

18/05/2026

16:10

143

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по рецепт за брза но и вкусна вечера, полнетите печурки на медитерански начин се вистинскиот избор.

Овој рецепт спојува едноставни состојки и богат вкус, а подготовката не бара многу време ниту кулинарско искуство. Идеално е како прилог или лесна вечера.

Состојки:

12 поголеми шампињони

150 гр фета сирење

2 лажици маслиново масло

2 чешниња лук

2 лажици свеж магдонос

1 лажица сушено оригано

малку сол и бибер

3 лажици лебни трошки

малку рендан пармезан.


Подготовка:

Исчистете ги и измијте ги печурките темелно. Потоа распоредете ги на хартиена крпа за малку да се исушат и да бидат подготвени за полнење.

Потоа, во сад, измешајте го издробеното фета сирење, маслиновото масло, ситно сечканиот лук, магдоносот и ориганото. Додадете малку сол и бибер, а притоа имајте предвид дека фетата е веќе доволно солена. На крајот, измешајте и додадете ги лебните трошки за да добиете покомпактна текстура.

Со подготвената смеса наполнете ги сите печурки и лесно притиснете за филот да остане на место. По желба, наросете малку рендан пармезан за дополнителна крцкавост.

Ставете ги полнетите печурки во огноотпорен стаклен сад или плех за печење. Печете во претходно загреана рерна на 190°C околу 20 минути, додека да омекнат и да добијат златно-кафеава боја.

Сервирајте ги печурките додека се топли, наросени со свеж магдонос. Тие се одличен избор како вечера, но и како прилог со месо или тестенини. Уживајте!