Тепачка во трговски центар во Аеродром: 16-годишник со тврд предмет нападнал негов врсник

Макфакс

18/05/2026

13:11

185

Големина на фонт

а а а

Во трговски центар во Аеродром, 16-годишно момче било нападнато со тврд предмет од свој врсник, што предизвика физичка тепачка. За случајот е информиран јавен обвинител, а полицијата презема мерки за расчистување.

Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник.

Истиот ден и М.Д.(25) од Скопје пријавил во полиција дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник.

За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.