Рекордна посетеност на најголемиот глобален хуманитарен мотоциклистички хапенинг “The Distinguished Gentleman’s Ride - Skopje” во јубилејно 11-то издание

Точка

18/05/2026

14:25

307

Големина на фонт

а а а

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен „The Distinguished Gentleman’s Ride“, годинава го прослави своето јубилејно 11-то Скопско издание.

Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест и обврска. Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести.


„Единаесеттата Скопска едиција испорача импресивни резултати, бидејќи оваа година на улиците на главниот град, излегоа повеќе од 230 “дотерани” моторџии со своите класични блескави машинини. Вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 60.5 милиони долари, на кој учествуваа над 340.000 учесници во повеќе од 110 држави и 1070 градови во светот. Секако и Македонија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016-та, со повеќе од 25.000 долари“, велат од организаторот Gentleman’s Crew Skopje.


Блескавилото на прекрасните мотоцикли и шармот на “дотераните” моторџии и оваа година беа задолжителен фолклор на Скопскиот настан за да се оддржат добропознатите тематски постулати на овој настан - ширење на свеста кај машката популација и собирање средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства.

„Екипата на Gentleman’s Crew Skopje, организатор на Скопското издание на популарниот DGR упатува благодарност до сите учесници, партнери и пријатели, кои придонесоа оваа година популарниот Ride да ги надмине своите досегашни достигнувања“, порачуваат од Gentleman’s Crew Skopje.