Основното јавно обвинителство во Скопје издало наредба за обдукција на убиеното момче од Бојане, додека осомничениот е во притвор поради основано сомнение за убиство. Се вршат и други вештачења за прибирање докази.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на убиеното 18 годишно момче од скопско Бојане.
Како што информираат од ОЈО Скопје дадени се и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото.
– Постои основано сомнение дека кривичното дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода. Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата, информираат од ОЈО Скопје.







