18-годишна девојка нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје

Макфакс

18/05/2026

13:11

170

Големина на фонт

а а а

Македонската полиција информира за напад со остар предмет врз 18-годишна девојка пред дискотека во Скопје, и презема мерки за расчистување на случајот.

Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје.

Според информации од МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанело повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.