Општина Ѓорче Петров почна пилот-проект за селекција на отпад

Макфакс

15/05/2026

12:30

147

Големина на фонт

а а а

Општина Ѓорче Петров започна пилот-проект за селекција на отпад со цел подобрување на еколошката свест и одржливо управување со отпадот, доделувајќи канти за рециклирање на 60 домаќинства во соработка со локални и регионални организации.

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво.

Во рамки на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и АлпакЕко, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на општината.

„Проектот претставува почетна фаза од поширока иницијатива која има за цел постепено проширување на системот за селекција на отпад низ целата општина, со активно вклучување на граѓаните во процесите за заштита на животната средина. Донацијата е обезбедена од Центарот за климатски промени, во рамки на проектот „Младите и жените – двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLeadRural)“, како дел од програмата BOOST Balkans, поддржана од ALDA – European Association for Local Democracy, ALDA Balkans, преку AFD – Agence Française de Développement“, соопшти Општина Ѓорче Петров.