[ВИДЕО] Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост

Макфакс

15/05/2026

07:20

286

Големина на фонт

а а а

Руски напад врз Киев предизвика смрт на 24 лица, вклучувајќи и деца, по што градоначалникот Кличко прогласи ден на жалост. Нападот бил изведен со беспилотни летала и ракети, а спасувачите продолжуваат да пребаруваат урнати згради.

Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца.

Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.

Прогласен ден на жалост

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.