Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец со нож ја убил 31-годишната сопруга, полицијата го уапси

Макфакс

14/05/2026

10:56

2.213

Големина на фонт

а а а

Во Битола се случи трагичен настан кога 33-годишен маж со нож го нападна и усмрти неговата 31-годишна сопруга. Полицијата брзо реагираше и го уапси осомничениот, а случајот е во фаза на целосна истрага.

Битолчанец со нож утрово ја убил 31-годишната сопруга со која не живееле заедно, соопштија од СВР Битола. Полициски службеници го лишиле од слобода.


„Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од СВР Битола.

Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.


Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.