Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Макфакс

14/05/2026

14:10

506

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Скопје уапси 86-годишен маж осомничен за недолично однесување и напад врз 15-годишна малолетничка во парк во Ѓорче Петров. Случајот е во фаза на истрага и наскоро ќе следува официјална пријава.

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров.

Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје.

Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.