Церемонијата на отворањето на Канскиот филмски фестивал 2026 може да започне! На самото отворање на 79-от Кански филмски фестивал пристигна Деми Мур, која оваа година ќе биде дел од жирито задолжено да ги прегледа сите филмови пријавени за натпреварувањето и да го даде своето мислење.
Канскиот филмски фестивал ќе трае од денес, 12 мај, па сè до сабота, 23 мај, а важи за еден од најценетите филмски фестивали во светот.

Чиста невистина е дека фустанот не прави дама, а Деми уште еднаш го докажа токму спротивното. Облечена во бајковит бел фустан со точки, актерката беше вистинско олицетворение на елегантниот и дамски стил на црвениот тепих во Кан.
Актерката носеше креација од модната куќа „Jacquemus“. Да, екстраваганцијата е во мода, но тука таа совршено ја следи природната линија на телото со силуета во форма на песочен часовник.

Разиграноста на моделот ја надополнуваат шарените 3Д точки кои потсетуваат на конфети, со впечатливи детали на рабовите.
„Пораката беше да се создаде нешто забавно“, изјави дизајнерот. „Тоа годинава ми е некој вид опсесија. Сакам сите да уживаат и да не се сфаќаме премногу сериозно“, рекол дизајнерот создавајќи го ова модно ремек-дело.






