[ФОТО] Под костимот на Верка Сердјучка се крие Андриј: Има 52 години и е целосна спротивност на своето алтер-его - луѓето не веруваат колку добро изгледа

Точка

13/05/2026

20:00

579

Големина на фонт

а а а

Зад блескавите костими, огромната сребрена ѕвезда на главата и ексцентричните настапи, се крие повлечениот украински уметник Андриј Михаилович Данилко, кого целиот свет го запозна преку неговото познато алтер его – Верка Сердјучка. Иако сите го паметат како урнебесна појава, неговиот приватен живот е целосна спротивност на она што го гледаме под светлата на рефлекторите.

Иако сите го паметат како урнебесна појава од Евровизија, неговиот приватен живот е целосна спротивност на она што го гледаме под светлата на рефлекторите. Додека пред камерите е гласна, откачена и целосно непредвидлива, „Верка“ исчезнува во моментот кога ќе се симне од сцената. Приватно, Данилко е тивок, повлечен и многу заштитнички настроен кон својата интима.


Странските медиуми го опишуваат како срамежлив човек кој најмногу сака мир, музика и цртање, стотици километри далеку од рефлекторите и светките. Токму тој неверојатен контраст со години ја интригира и шокира публиката ширум Европа.

„Јас играм лик, не се облекувам како жена“

Иако многумина автоматски го вбројуваат во драг-кралиците, украинскиот уметник повеќепати објаснил дека Верка не ја доживува како свој идентитет, туку исклучиво како сценски лик.

„Не се облекувам како жена во приватниот живот. Играм лик“, јасен бил Данилко во едно интервју, споредувајќи ја својата работа со актер кој облекува униформа на доктор или полицаец. Неговата Верка настанала уште на почетокот на деведесеттите како генијален хумористичен лик на жена од народот, простодушна железничка кондуктерка која ги меша украинскиот и рускиот јазик, освојувајќи ја публиката со спонтаност и неверојатна импровизација. Со текот на времето тој лик прераснал во еден од најголемите поп-феномени на постсоветскиот простор.


Кога станува збор за неговиот емотивен живот, Данилко секогаш крева ѕид. Често одбивал прашања за својата сексуалност, строго инсистирајќи на јасна разлика меѓу она што е сцена и она што е приватен живот. Сепак, познато е дека во една прилика признал дека со години бил во врска со жена, но и дека таа врска всушност му претставувала многу тешко емотивно искуство.

Од вицешампион на Европа до симбол на отпорот

Европа, без сомнение, најмногу го памети по лудиот настап на Евровизија во 2007 година, кога во сребрен костум ја пееше песната „Dancing Lasha Tumbai“ и освои феноменално второ место за Украина. Неговиот перформанс до ден-денес остана запишан како еден од најиконичните моменти во историјата на ова натпреварување.

Сепак, и покрај тоа што приватно е уметник кој копнее по мир, преку Верка успеа да стане вистински симбол на хуморот и отпорот во најтешките времиња. За време на актуелната војна во Украина, Данилко продолжи да настапува под маската на своето алтер его, често истакнувајќи дека неговата единствена цел е на својот народ да му ја врати насмевката на лицето и да го подигне моралот.

Приватно е целосна спротивност на Верка и многумина коментираат дека е многу мажествен. Она што е неспорно е дека изгледа барем 20 години помладо, што беа и комплиментите што ги доби кога го прослави својот 52-ри роденден.