Филков за запирање на истрагата за мазутотoт: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката

Макфакс

13/05/2026

17:00

118

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда, Игор Филков, е дециден дека одлуката за прекин на истрагата за набавката на мазут сериозно ја намалува довербата во судството и бара темелна анализа и транспарентност од Обвинителството, како и одговорност за институционалните претставници во целата постапка.

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот.

„Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.

Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука“.

Истовремено, како што вели, очекува Советот на јавни обвинители и надлежните институции да отворат прашање за одговорноста на Ислам Абази.

„Затоа што ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем“.