Плови, истражувај, уживај: Нов начин на патување – „CroConcierge“ ви нуди само ваш приватен рај

Точка

16/04/2026

13:01

564

Големина на фонт

а а а

Во време кога сè повеќе патници бараат уникатни и персонализирани искуства наместо класични хотелски одмори, чартер-пловидбата се наметнува како еден од најатрактивните начини за истражување на светските крајбрежја. Од скриени плажи и недопрени острови, до гламурозни марини и автентични крајбрежни градови – одморот на пловило нуди слобода, приватност и доживувања што не можат да се споредат со ниту еден друг вид патување.

Но, и покрај растечката популарност, за многумина овој тип на одмор сè уште претставува непозната територија, со прашања околу изборот на пловило, цените, потребните дозволи и организацијата на целото патување. Токму затоа, разговараме со експертите од оваа област, поточно тимот на компанијата „CroConcierge“, кои откриваат како изгледа еден чартер одмор однатре, на што треба да внимаваат клиентите и како да го извлечат максимумот од своето искуство на море.

Во продолжение, дознајте сè што треба да знаете пред да се одлучите за ваков вид одмор – од практични совети до инспиративни идеи за вашето следно незаборавно патување.


❓За клиентите кои првпат размислуваат за ваков тип одмор – како да изберат кој вид на чартер пловило е најсоодветен за нив?

✨Тоа зависи од она што сакаат да го искусат, но препорачуваме да се изнајми пловило со професионален скипер за да може да се опуштите и да уживате во вашиот одмор. За полуксузни моменти препорачуваме чартер со капетан, готвач и хостеса. Нашиот тим ќе Ви помогне да го изберете перфектното пловило зависно од Вашиот стил на патување, буџет и број на гости.

❓Колкава е цената за изнајмување пловило и од кои фактори најмногу зависи конечната сума?

✨Зависно од видот на пловилото, сезоната и вклучените услуги. Цените почнуваат од 2.000 евра седмично за 6 лица, па нагоре.

❓Дали за изнајмување пловило е неопходна скиперска дозвола или постојат опции и за оние кои немаат искуство?

✨Дозвола Ви треба само доколку сакате да пловите сами, без професионален скипер. Доколку немате, закажете чартер со скипер кој ќе се погрижи за навигацијата и ќе управува со пловилото.


❓Што вообичаено е вклучено во цената на чартерот и кои дополнителни трошоци треба да ги очекуваат клиентите?

✨Најголем број од чартерите вклучуваат надомест за наем на пловилото, стандардна опрема и осигурување. Дополнителни трошоци настануваат за гориво, марини, храна и пијалаци, персонал (најчесто вклучено во АРА).

❓Колку лица најчесто можат да престојуваат на едно пловило и како се одредува капацитетот?

✨Најголем број на пловилата се соодветни за 4-12 гости, при што мини крузерите може да сместат и до 40 лица.

❓Кој период од годината е најпогоден за чартер на пловило?

✨Сезоната зависи од дестинацијата, но генерално во Европа важи:

Мај – јуни: пониски цени и помалку гужва.
Јули – август: висока сезона со настани и дружење со други чартери.
Септември – октомври: мирно море, потивка атмосфера и пониски цени.

Нашите специјалисти за чартери ќе ви посочат која е најдобро време за чартер зависно од посакуваната дестинација.


❓Колку време однапред е препорачливо да се направи резервација за да се обезбеди посакуваното пловило?

✨За најдобар избор на пловила и најприфатливи цени, препорачуваме да се букира 6 месеци однапред, особено ако се бараат чартери во висока сезона. Сепак, нудиме и опции за букирање во „последна минута“, секако зависно од достапноста.

❓Кои дестинации најчесто ги избираат клиентите кога изнајмуваат пловило преку вашата компанија?

✨Со пловило можете да истражувате скриени плажи, острови што не се достапни по копнен пат и крајбрежни градови до кои е комплицирано да се стигне на друг начин. Популарните тури вклучуваат: посета на повеќе острови, приватни плажи, крајбрежни села, ресторани на марини и во прва линија на море.

Зависно од Вашите интереси, може да Ви направиме перфектна тура.

❓Дали ваквиот тип одмор е соодветен и за почетници кои досега немале искуство со пловидба?

✨Апсолутно. Голем број од нашите клиенти немаат никакво искуство во пловење. Со скипер или целосен тим на Вашето пловило, можете само да се релаксирате и да уживате во одморот, додека персоналот се грижи за Вашата безбедност и пловидба.


❓Што ја издвојува вашата компанија и зошто клиентите би требало да резервираат чартер токму преку вас?

✨Затоа што Ви нудиме консултации на македонски јазик, имаме внимателно избрана флота на квалитетни пловила за секој вкус и буџет, нудиме експертски совети за Вашето патување, составуваме персонализирани тури, и Ви стоиме на располагање пред и за време на Вашето патување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: „CroConcierge“ – луксузна консиерж услуга во срцето на Опатија: Од јахти до приватни авиони, вака изгледа совршено патување

Контакт:

www.croconcierge.com

contact@croconcierge.com

@croconcierge

Контакт за Македонија: 070/311-108

*Комерцијален текст