„Уценетиот Филипче со ист речник како Софија, главен спроведувач на бугарските интереси и послушник на Радев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

13/05/2026

09:16

137

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува владејачката структура дека ги користи бугарските ставки и го поткопува националниот интерес, посочувајќи го Венко Филипче како главен актуелен политички актер кој ја промовира оваа политика, паралелно со поранешниот премиер Заев.

„Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник како официјална Софија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не почека ни еден ден по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче веднаш се стави на располагање на Румен Радев и директно изјави дека, доколку тој биде на власт ќе го исполни секое едно барање на Бугарија.

Додека народот е против, Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања. Вака отворено против граѓаните може да излезе само уценет политичар кој е заглавен во криминал.

Нема човек во државата на кој не му е јасно дека Венко Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали и затоа е должен да му одговори на македонската јавност, со што точно е уценет од група бугарски политичари за да води антимакедонска политика?

Додека ја чува фотелјата во СДС, подарена од неговиот ментор Зоран Заев, јасно и гласно Филипче ги промовира и следи неговите политики на удоволување на секој еден од надвор, освен на Македонија и македонскиот народ.

Со секојдневните негови изјави, Филипче се повеќе тоне, на и така нискиот рејтинг од само 3% кој е понизок од партискиот, и него веќе никој не го слуша додека секојдневно зборува за евроинтегративниот процес на државата, а всушност е загрижен само за неговата партиска фотелја.

Тоа што е добро, што македонскиот народ веќе знае со кој си има работа и доверба на ликови како Заев и Филипче, кои за власт се спремни на прифаќање на разни ултиматуми, услови и отстапки кои задираат во националниот идентитет, веќе не дава.

Лекциите од минатото се научени, такви антидржавни политики кои ги промовираат и спроведуваат СДС, Заев и Филипче граѓаните ги не поддржуваат и со сигурност на следните избори ќе ги отстранат од политичката сцена, по што ќе бидат запишани на темните станици од историјата како најголемите предавници на македонските национални интереси“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.