Виноскоп фестивалот, кој ќе се одржува од денес до 17 мај во Градскиот парк, нуди пет дена исполнети со најдоброто од виното, музиката и гастрономијата, создавајќи динамична и пријатна пролетна атмосфера за сите генерации.
Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо.
Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации.
Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Во четврток, 14 мај, публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, додека петок, 15 мај, е резервиран за DJ Карлито, Здравев Music, Огнен и Пауза за ракија.
Саботата носи целодневна фестивалска динамика – програмата започнува од 12:00 часот со DJ Resident, продолжува со Hat and Harmony, DJ Bella и Мијата, а вечерта ќе ја заокружат Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.
Последниот фестивалски ден, недела, 17 мај, е замислен како опуштено дневно дружење од 12:00 до 18:00 часот, со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk.
Со своето 15-то издание, Виноскоп ја слави приказната што ја гради повеќе од една деценија – приказна за виното како култура, музиката како заеднички јазик и градот како сцена на убави средби.
Од денес до 17 мај, Градски парк ќе биде адресата на добриот вкус, добрата музика и најубавото пролетно наздравување во Скопје.







