[ФОТО] Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство за криминална група

Макфакс

12/05/2026

11:39

1.069

Големина на фонт

а а а

Српски државјанин, осомничен да изврши убиство во име на криминална група, е уапсен во Скопје, информира српското Министерство за внатрешни работи.

Случајот ја открива сериозноста на прекуграничната борба против криминалните организации и високото ниво на координација меѓу двете земји во справувањето со опасните криминални активности.

Српски државјанин, осомничен да изврши убиство во име на криминална група, е уапсен во Скопје, информира српското Министерство за внатрешни работи.


„Во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Криминалистичката полиција, Службата за сузбивање на криминалот и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во Скопје е уапсен С. М. (42)“, соопшти Министерството.


При претрес на станот и другите простории во Скопје каде што престојувал С.М., биле пронајдени лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол марка CZ и муниција.


Според српското Министерство за внатрешни работи, С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Северна Македонија и во таа земја, се сомнева дека планирал да изврши тешки кривични дела во име на членови на криминалната група на која припаѓа, најверојатно кривично дело убиство.