Славната актерка и поранешна Мис на светот се појавила на гала-вечерта „Gold House Gala 2026“ во Лос Анџелес, каде што втора година по ред ѝ било врачено престижното признание „Global Vanguard Honor“.
Овој настан годинава се одржа под темата „A New Gold World“ во „Music Center“, а сега конечно е јасно зошто Чопра не се појавила на најважниот моден настан на годината. Нејзиното модно издание, фустан со посебно значење, го привлекол целото внимание на присутните.

За оваа посебна пригода, Чопра избрала асиметрична креација со едно рамо во боја на слонова коска, збогатена со провокативен шлиц до бутот. Она што овој луксузен фустан го прави посебен е фактот дека е изработен од „Lucknowi Chikankari“ сари, ткаенина стара дури 20 години.
Индискиот дизајнер, Амит Агарвал објаснил дека процесот на изработка траел повеќе од шест недели, со помош на вешти везилки, а инспирацијата за скулптуралниот дизајн ја пронашол во ДНК-спиралата и мотивите од традиционалните могулски „џали“ прозорци.

Стариот материјал ја задржал препознатливата форма на паѓачкиот дел од сарито, додека богатите традиционални везови мајсторките рачно ги надополниле со ситни стаклени мониста, кои на фустанот му дале впечатлива 3Д-текстура.
За нејзиниот изглед се погрижила славната стилистка Ами Пател, која минималистичката убавина на винтиџ ткаенината одлучила да ја нагласи со масивни парчиња дијамантски накит од луксузниот бренд „Bvlgari“. Во прв план бил раскошниот ѓердан украсен со скапоцени камења.
Фризурата и шминката ја следеле софистицираната нота — брановидна фризура и шминка во нежни, земјени тонови.

Освен што на овој настан била во друштво на наградени личности како Чарлс Мелтон и Симу Лиу, 43-годишната актерка продолжува да реди успеси. Гледачите моментално ја следат во втората сезона на хит-серијата „Citadel“.