Џејми Присли е најновата холивудска ѕвезда која се префрли на OnlyFans. Нејзината страница на платформата за содржини за возрасни базирана на претплата беше отворена вчера.
„Отсекогаш верував дека треба да еволуираме со времето“, изјавила Пресли за „Variety“ за нејзината одлука да се приклучи на OnlyFans.
„Ова е уште еден начин да се поврзам директно со мојата публика, под мои услови, со креативност и намера. Обожавам да се среќавам со обожаватели на разни Comic Con, а возбудата од тие вистински средби во живо ме наведе да побарам опции како OnlyFans“.

Извршниот директор на „Creators Inc.“, Енди Бахман, кој ја советувал Пресли при лансирањето на нејзиниот профил, додал: „Џејми Присли има ретка комбинација од голема ѕвездена моќ и вистинска врска со публиката што денешните платформи ја наградуваат. Таа е врвна забавувачка и обожавателите ќе го обожаваат она што го создава тука.“
Дебито на Присли на OnlyFans доаѓа само неколку недели откако нејзината пријателка, ѕвездата од „Американска пита“ и „Страшен филм“, Шенон Елизабет, го лансираше нејзиниот профил со огромен успех.
Елизабет заработи повеќе од 1,2 милиони долари на OnlyFans во првите седум дена на платформата. Таа за списанието „People“ изјави дека една од причините зошто се префрлила на OnlyFans е тоа што се заморила од работата во Холивуд каде „други луѓе ја контролираа наративот и исходот од нејзината кариера“.
„Ова ново поглавје е за промена на тоа, покажување на посекси страна што никој не ја видел и приближување до моите обожаватели - додала Елизабет во тоа време.
Присли и Елизабет споделија заедничка објава на Инстаграм на 26 април, а некои во тоа време шпекулираа дека ова значи дека Присли ќе ги следи стапките на Елизабет.

„Толку е убаво што те гледам по сите овие години, Џејми Присли“, напишала Елизабет во објавата. „Секогаш е убаво повторно да се сретнеме и да споделиме момент како овој. Толку прекрасна личност, однатре и однадвор. Се надевам дека наскоро ќе можеме повторно да го направиме тоа.“
Џејми Елизабет Присли (49) е американска актерка и модел, најпозната по улогата на Џој Тарнер во ситкомот „Се викам Ерл“, за која освои награда Еми во 2007 година.
Таа е препознатлива и по улогата на Џил Кендал во серијата „Мама“, а нејзината неверојатна физичка сличност со актерката Марго Роби често се истакнува.








