[ФОТО] Сако-фустанот којшто Кејт Мидлтон го носела е вистинска пролетна елеганција - инспирирано од Одри Хепберн

Точка

09/05/2026

13:20

1.077

Големина на фонт

а а а

Секое модно издание на принцезата од Велс е вистинска инспирација и се споредува со најголемите икони на 20 век, а овојпат британските медиуми забележале дека Кејт можеби барала инспирација во фотографиите на Одри Хепберн.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон организирале забава во градината на Бакингемската палата во петокот, во име на кралот Чарлс III, а принцезата од Велс повторно воодушевила со елеганција.


Кралскиот пар изгледал елегантно додека се дружел со војводата и војвотката од Единбург и братучедката Зара Тиндал, но модната победничка на денот дефинитивно е Кејт, која носела досега невидено модно издание.

Станува збор за сако-фустан од модната куќа „Self-Portrait“, која полека станува еден од омилените брендови на Кејт Мидлтон.

Шик креацијата е составена од двојно закопчано сако со квадратен изрез, под кое продолжува прекрасна миди здолниште со тркалезни црни копчиња.


Принцезата од Велс исто така комбинирала елегантна, винтиџ шапка во стилот на Одри Хепберн, совршено вклопена со овој стил со бела боја и црни детали, а додала и бисерна нараквица и висечки обетки што ѝ припаѓаа на кралицата Елизабета II.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Кејт Мидлтон?