Нова измама со помош на вештачка интелигенција се појави во Франција. AI може да ви го клонира гласот за само неколку секунди, а потоа да изнуди пари од вашите најблиски доколку се јавите на непознат број.
Во Франција се појави нов вид измама преку вештачка интелигенција (AI), со чија помош се клонира гласот на жртвата за подоцна да се искористи за изнуда на пари од семејството и пријателите. Како што наведува „Connexion France“, искусни хакери на овој начин можат да украдат цел идентитет на една личност, а не само да изнудат пари, што значи дека во опасност се и банкарските картички, како и сите интернет-профили и налози.
Измамата функционира така што лицето добива повик од непознат број. Откако ќе се јави, напаѓачите намерно молчат за да ја натераат другата страна да зборува, додека во позадина е активиран софтвер за клонирање глас.
Доволни се само неколку секунди и гласот на жртвата е „снимен“. Мета најчесто не се случајни луѓе, туку лица за кои измамниците веќе имаат одредени информации – каде живеат, каде се движат, со што се занимаваат и слично.
🚨 NOUVELLE ARNAQUE TÉLÉPHONIQUE : ILS VOLENT VOTRE VOIX AVEC L’IA (TF1) !
— Philippe T (@brain_stimulus) May 7, 2026
😱❗Vous recevez un appel… et personne ne parle au bout du fil.
💥C’est volontaire.
Le but : enregistrer votre voix pendant ces quelques secondes de silence pour la cloner avec l’IA.
En moins de 10… pic.twitter.com/6TU6jtPBVy
Откако ќе го добијат гласот на лицето, напаѓачите внесуваат генеричка порака во програмата, а самиот софтвер толку веродостојно го имитира гласот што член на семејството многу лесно може да поверува дека навистина разговара со блиска личност кога ќе добие повик од непознат број. На тој начин измамниците изнудуваат пари.
„Мамо, го изгубив телефонот … Те молам испрати ми пари што е можно побрзо!“, гласи една од можните пораки.
Експертите советуваат дека е најдобро да не се одговара на повици од непознати броеви, особено во ерата на вештачката интелигенција. Дополнително, AI технологијата толку многу напредувала што со текот на времето може да развие цел „спектар“ на одговори доколку жртвата повеќепати се јавува на непознат број, особено ако открие некои клучни информации за себе.








