Утре пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер низ земјата

Макфакс

08/05/2026

18:52

206

Големина на фонт

а а а

Во текот на утрешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локални врнежи од пороен дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни временски процеси, со пообилен дожд, почести електрични празнења и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој дополнително ќе придонесе за поизразена промена на временските услови во текот на денот.

Температурите ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени во утринските часови, додека дневната максимална ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје исто така се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде од северен правец, умерен до засилен. Температурата ќе се спушти до околу 12 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен, јваува УХМР.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви интервали, но и понатаму нестабилно во одредени делови од земјата. Локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и вторник се очекува дополнително засилување на ветерот, кој на места во западните делови може да надмине брзина од 60 km/h